(Видео) Маж претепал дете на улица затоа што му ѕвонело на домофон

Маж претепал дете среде Белград затоа што му ѕвонело на домофон. Немилиот настан се случил во саботата, а бил снимен од една од безбеднсните камери на зградите во Нов Белград.

На почетокот на видеото во горниот дел од снимката се гледа како 40 годишен маж го фрла детето на асвалт и му ја витка раката. Потоа го дига за капата од јакната и го малтретира.

Адвокатот на 12 годишното момче, Радиша Роскиќ, рече дека тоа претрпело шок и се здобило со полесни телесни повреди. Роскиќ објаснил дека детето било во посета на неговите баба и дедо заедно со помладиот брат, а човекот излегол од соседната зграда и почнал да го малтретира.

Подоцна полицијата дознала дека децата му ѕвонеле на домофон.

„И тој има дете, па веројатно станува збор за детска игра“, рече Роскиќ.

„Човекот, кој сигурно има 40 години, со џудо зафат го фрлил детето на асвалтот и му ја свиткал раката. Потоа го дигнал држејќи го за капата од јакната и го малтретирал. Очигледно не знаел кое е затоа што тоа не живеело тука. Го видел пред продавница со помладиот брат“, рече Роскиќ.

Адвокатот објасни дека полицијата го повикал човекот на разговор, откако момчето заработило полесни повреди.

„Има полесни телесни повреди  како хематом, болки во вратот и слично. Консултиран е и обвинителот, а поради полесни повреди родителите сакаат да покренат и кривична тужба“, рече Роскиќ, додавајќи дека и тие биле многу вознемирени.

 

 

Scroll to Top