Мексиканецот Алехандро Апарицио Сантијаго бил градоначалник на мексиканскиот град Тлаксиак само два часа. Апарицио бил застрелан и убиен веднаш по церемонијата на која тој положил заклетва.
Во него пукал непознат маж, а од куршумот кој му задал рана во градите, Апарацио починал само два часа подоцна во блиската болница. Лекарите биле немоќни да направат било што за да му го спасат животот.
Во пукотниците биле повредени уште четири лица. Гувернерот Алехандро Мурат го осудил нападот на новоизбраниот градоначалник и наредил целосна истрага. Подоцна соопштил дека е уапсен еден од осомничените за убиството на Апарицио.
Así fue asesinado el morenista Alejandro Aparicio Santiago; en plena calle y unos minutos después de haber rendido protesta como alcalde de Tlaxiaco, Oaxaca. pic.twitter.com/4wwgVHWOMK
— Ciro Gómez Leyva (@CiroGomezL) January 2, 2019