Младиот брачен пар од Нов Зеланд кој стана познат по тоа што мислеа дека го откопале најголемиот компир на светот, сега се разочара кога им стигна одговорот од Гинси.
Колин и Дона Крег-Браун пред неколку месеци од нивната градина ископаа плод тежок 7,8 килограми. Тие на почетокот мислеа дека станува збор за компир. Му дадоа и име Даг, а го сликаа и со шешир и го шетаа со количка покажувајќи им го на соседите и пријателите.
„Не можевме да веруваме колку беше голем“, рече Дона надевајќи се дека тоа би можело да стане некој нов Гиносов рекорд.