37-годишниот комичар Ли Ридли, попознат како „Момчето без глас“, победи на шоуто „Британија има талент“. Ли има церебрална парализа поради што има пречки во говорот, па своите шеги, кои честопати се и на негова сметка, ги кажува со помош на дигиталната технологија.
Тој со својот хумор ја освои публиката и доби најмногу од гласовите на вкупно 2,5 милиони гледачи на шоуто во Британија. Тој во финалето ги победи своите ривали комичарот Роберт Вајт и и пејачот Дончез Дакрез.