Ирецот Кевин Конвеј за момент станал милионер кога на неговата сметка по грешка му биле префрлени 200 милиони долари. Додека случајно ја проверувал сметката на мобилниот телефон, Кевин забележал сума од 197.245.088 евра. Вели дека повеќепати ја отворал сметката за да се увери дека е вистина. Очекувал само 200 евра.
„Кога минатиот петок ја отворив апликацијата за да ја проверам мојата сметка, на неа имаше 197 милиони евра. Оддеднаш тој износ исчезна. Не знаев што да правам. Се фатив за глава. За два часа бев побогат за 200 милиони евра“, изјавил Кевин.
За жал, подоцна се утврдило дека станува збор за грешка на компанијата што ја правела апликацијата. Кевин не смеел да ги земе тие пари. Портпаролот на компанијата во чија сопственост е апликацијата истакнал дека грешката е исправена многу бргу.
Co Wexford man €200m richer for two hours before error rectified | https://t.co/KkaFlPpTxO pic.twitter.com/DfT0GOM580
— RTÉ News (@rtenews) August 28, 2019
Конвеј нема да има никаква корист од оваа грешка. Но, вакви работи се случувале и во минатото. Сличен пример беше забележан со Маргарет Мокдонел, која во март 2013 година потрошила 51.000 евра, пари што случајно биле префрлени на нејзина сметка. Тогаш 23-годишната девојка од Даблин парите ги трошела на облека за своите деца.
Таа во април 2017 година била казнета со условна казна затвор.