(Видео) Најсреќната песна на светот е снимена 1977 година

Според истражувачот Џејкоб Џолиџ, кој смислил посебна математичка формула за среќа, песната од 1977 година, Mr. Blue Sky од „Електрик лајт оркестра“ е најсреќната песна на светот. На второ место е Don’t Stop Me Now од „Квин“.

Џејкоб го засновал неговото истражување на претходно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Мисури. Тој проучувал 126 песни од период од 50 години, а освен што ја користел сопствената формула, направил и анкета во која учествувале 2.000 луѓе кои кажале кои песни ги прават најсреќни. Според него, луѓето сакаат песни со поразлично темпо од она на поп-песните, песни кои се во дурска скала и се малку покомплексни од песните со само 3 акорди. Среќните песни се со темпо од 150 удари во минута, додека поп-песните имаат темпо од 118 удари во минута.

Според листата на Џолиџ, трета најсреќна песна во светот е Good Vibrations од „Бич бојс“, четврта е The Riddle од Ник Кершо. Следат „Маниакс“ со I’m a Beliеver, „Рембрантс“ со I’ll Be There For You од серијата „Пријатели“. Седни се „Тото“ со песната Pamela, Mambo No.5 на Лу Бега е осма, а по неа следат „Меднес“ со Our House. Десетти на листата се „Вем“ со Wake Me Up Before You Go Go.

Scroll to Top