Група научници од Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих успеале да произведат злато од пластика. Овој метал тежи пет до десет пати помалку од традиционалното 18-каратно злато и би можело да се употребува за позлатување накит. Тие велат дека истото би ја задржало својата вредност иако би бил полесен.
Рафаел Мезенга, еден од професорите кои учествувале во изработката, објаснува дека традиционалното 18-каратно злато е создадено од 3/4 злато и 1/4 бакар. Новото злато успеале да го направено од протеински влакна и полимери на латекс. На тој начин се создала матрица во која се вметнуваат тенки дискови на златни нанокристали.
Новото злато ги има сите одлики на пластика и злато. Лесно е, ако падне на цврста подлога, звучи како пластика, но сјае како злато и може да се обработува како класичното злато. Мезенга открил како може да се менува составот на златото за да ја приспособи цврстината. Тој вели дека можат да создадат каков било вид злато и во различни бои.
Златото отсекогаш било обележје на богатство и моќ. Заради злато се воделе војни, се убивале владетели и се освојувале територии. Но, со текот на годините златото некако ја изгуби ексклузивноста, но не и вредноста.