Популарната екипа на Џекес повторно се враќа на филмското платно. Премиерата на нивниот најнов филм „Џекес засекогаш“ е закажана за 22 октомври оваа година, од страна на Парамаунт Пикчрс.
Ова е петти филм во франшизата на „Џекес“ и претставува продолжение на „Џекес 3Д“ (2010). Во филмот како главни актери се појавуваат Џони Ноксвил, Стив-О, Крис Понтиус, Дејв Ингланд, Ви Мен, Данџер Ерен и Престон Лејси.
Филмот е во режија на Џеф Трејман, кој се јавува и како продуцент, покрај Спајк Џонс, Џони Ноксвил и Стив-О.
Во официјалниот трејлер се прикажани лудите авантури кои овие пријатели ги доживааат. Како и секогаш, тие се подготвени на сè. Од џиновски топки, мечки, бикови, змии, тарантули, до скокалници и лизгалки.
Во септември минатата година почина Стиви Ли, дел од екипата на Џекес. Професионалниот борач, познат во рингот како Папет Сајко Дворф, почина на 54 години.