Десетгодишно момче со пречки во развојот го украде шоуто во Ватикан, додека папата Франциско ја држеше неговата неделна аудиенција. Додека држеше говор момчето му ја побара белата капа.
Обезбедувањето забележа дека детето е со психички пречки, па затоа и не реагираше. Папата го задржа момчето додека шефот на протоколот, монсињор Леонардо Сапиенца, не стана и му постави стол од десната страна.
Кога аудиенцијата заврши, публиката во ватиканскиот аудиториум ги поздравија двајцата со аплауз.
„Благодарен сум на ова момче што ни одржа лекција. Нека му помогне Бог со неговите ограничувања, затоа што тоа што го направи сега го направи од срце“, порача папата.
A boy became the center of attention at Pope Francis’ general audience, walking on the stage, getting a seat next to the pope and even a white papal cap as a reward for his persistence pic.twitter.com/An1bVPp1Ou
— Reuters (@Reuters) October 20, 2021