Младиот поет Горазд Китановски деновиве на невообичаен начин се одлучи да ја промовира својата нова книга Beter Times.
Возејќи се во градската автобуска линија со број 4 на пат кон Драчево, Горазд пред патниците рецитира дел од песните. Со некои од нив напиша и нови песни за време на возењето.
„Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент“, вели тој.
Настанот бргу стана вирален на социјалните мрежи, а Китановски соопшти дека веќе работи на нов проект со наслов „Ние“, каде што собира стихови од луѓе на веќе зададени теми.
View this post on Instagram