Популарна блогерка и инфлуенсерка во Калифорнија, Џордан Чејен, по грешка објавила видео во кое го тера синот Кристијан да плаче за да биде повеќе популарна. Таа му вика да плаче за нивното куче кое е болно, мислејќи дека на тој начин ќе добиде повеќе кликови и лајкови.
„Ајде сине плачи“, му вели таа во видеото, а тој ѝ одговори дека навистина е тажен и плаче за неговото куче.
Џордан несвесно го објавила и тој дел од видеото, по што почнала да добива закани и пораки со говор на омраза. Таа им се извини на сите, но, работата отишла дотаму што некои од нив почнале да му се закануваат и на нејзиниот син.
Таа објасни дека некое време е принудена да се повлече од социјалните мрежи и дека целосно ќе му се посвети на синот.
„Разочарана сум од себе и никогаш не требаше да го направам тоа. Згрозена сум од својата посапка. Сватив дека згрешив, дека треба да бидам пристојна“, рече Џордан.
„Ги згаснав сите профили затоа што ништо не ми е поважно од мојот син. Ни прегледи, ни лајкови, ни заработувачка. Се срамам од мојата постапка и знам дека нема оправдување за тоа. Повеќе нема да работам на интервјуа, пијар кампањи, ниту пак со часови да разговарам со луѓето на интернет. Знам што е исправно и ќе се тргнам од интернетот и ќе му се посветам на синот“, рече таа.