Навивач на Бенфика трчаше гол низ улиците на градот, поради изгубен облог. Тој се кладел дека ќе трча гол низ улиците на португалскиот град, ако неговиот омилен клуб Бенфика“ го купи фудбалерот Јулијан Вајгл.
„Ако Бенфика го купи Јулијан Вајгл, ќе истрчам еден километар гол низ Лисабон“, напишал тој на социјалните мрежи. Вајгл кој ја видел претходно пораката, го поддржал во намерата
Непознатиот фан го одржал зборот и трчал во вечерните часови на температура од 15 степени. Вајгл во Бенфика дојде пред една недела од Борусија Дортмунд, за сума од 20 милиони евра.
Aí vai ele pic.twitter.com/LPUAJBRJ2m
— . (@universoslb) January 6, 2020