(Видео) Првата тројка по смртта на Коби, топката остана на таблата

Кошаркарите на Сан Антонио и Торонто рапторс го одиграа првиот натпревар во НБА-лигата, по смртта на Коби Брајант. Торонто го имаше првиот обид да поентира за тројка, а топката наместо во мрежичката, удри во обрачот и застана до бројчаникот за напад на 24 секунди, бројот кој Коби го носеше на својот дрес.

Дуелот почна со едноминутно молчење и по еден нереализиран напад од страна на двата тима во времетраење од 24 секунди во чест на Коби Брајант. Потоа следеше несекојдневниот момент со обидот за три поени.

Во хеликоптерската несреќа на Коби Брајант настрадаа деветмина лица од кои осум патници и пилотот

 

Scroll to Top