„Петар Велики (1675-1725) не се бореше во седумгодишната војна, туку во Големата северна војна, која траеше 21 година“, му рече момчето на Путин.
Рускиот лидер му се заблагодари, но директорот на училиштето го предупреди ученикот поради одредена дрскост, пренесуваат медиумите.
Школьник поправил Путина во время открытого урока во Владивостокеhttps://t.co/Uvrs3NGTF0 pic.twitter.com/oKTqBwZLJ5
— РИА Новости (@rianru) September 1, 2021
Критичките медиуми на Кремљ и опозициските политичари ја пофалија реакцијата на ученикот. Кира Јармуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, го критикува директорот на училиштето, кој, според неа, смета дека училиштето не треба да учи факти, туку послушност и сервилност.
Овој настан на првиот училишетн ден по летните одмори во Русија, предизвика реакции во земјата и го натера да се огласи портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
„Тоа не беше дрско. Воопшто не се согласуваме со директорот на училиштето”, рече тој додавајќи дека се надева оти ученикот подоцна нема да биде казнет.