Откако Македонија ја победи Италија среде Палермо, се слави низ целата земја. Навивачите се собираат на плоштадите, се слушаат петарди, се пее „Бисер Балкански“. И додека се веат знамињата и се скандира „Македонија на Светско“, многумина уште како да не можат да поверуваат дека фудбалерите го победија европскиот шампион и ќе играат во финалето против Португалија.