(Видео) Се судрија два огромни крузери кај мексиканското крајбрежје

Двата огромни крузери „Карнивал глори“ и „Карнивал леџенд“ се судрија покрај пристаништето Козумел во Мексико, пишуваат светските медиуми. За среќа во сударот нема повредени.

„Работиме на проценка на штетата, но засега нема потешкотии кои би влијаеле на пловидбата на било кој бдор“, соопштиле од компанијата „Карнивал круз лајн“.

Дел од палубата на еден од крузерите целосно е уништена. Компанијата објавила дека еден патник полесно е повреден за време на евакуацијата на гостите на палубите 3 и 4.

Оваа незгода нема да влијае на планот на патувањата, велат одговорните.

„Немаше ништо страшно. Во еден момент изгледаше како голем бран да го погоди крузерот“, изјавила Мари Ен Мекинли, една од патничките на бродот „Леџенд“.

Scroll to Top