На социјалните мрежи се појави видео на кое извесна девојка во Скопје се снима сама додека пуши џоинт. Таа се во Центарот на Скопје, а попатно раскажува дека канабисот е супер и ѝ давал енергија да си го почне денот .
Девојката додека пуши марихуана, среде бел ден, се пофали дека е судски преведувач и објасни дека треба во животот да бидеме малку повеќе опуштени.
Откако беше објавено видеото, во кое девојката пуши марихуана сред бел ден, на социјалните мрежи се крена голема врева и коментари.
„Ова е недолично, замислете вашето дете да гледа додека оваа пуши и се снима“, коментираат на социјалните мрежи.