(Видео) Уапсен Роналдињо

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо е уапсен во Парагвај по слетувањето на аеродромот, поради користење на лажен пасош, пренесуваат тамошните медиуми. Фудбалерот бил уапсен за време на пасошката контрола. Тој ај себе имал лажни исправи, пренесуваат медиумите. Во пасошот пишувало дека е државјанин на Парагвај.

Луѓето од пасошката контрола забележале нелогичност, повикале полиција и Роналдињо, со неговиот брат биле однесени во хотел, кој не смеат да го напуштат до четврток во 8 часот по локално време.

Фудбалерот во Парагвај пристигнал за да ја промовира неговата книга „Гение на животот“. За потсетување, врховниот суд на Бразил, минатата година во мај, ја потврдил одлуката од понискиот суд дека на поранешниот репрезентативец на Бразил и на неговиот брат им се одземени пасошите.

Во образложението на одлуката е наведено дека Роналдињо не може да излезе од земјата, сè додека не заврши судската постапка која се води против него поради еколошки криминал, пренесува „Асошиетед Прес“.

Роналдињо е осуден да ја плати казната од 2,1 милион долари, а затоа што не го направил тоа, во ноември 2018 година, му бил одземен пасошот со одлука од понискиот суд.

Поранешниот ас на Барселона е осуден поради тоа што без дозвола од локалното Министерство за заштита на животната средна на реката Гваибо во Порто Алегри, изградил платформа за риболов и место за закотвување на чамци. Иако не можел да излезе од Бразил, Роналдињо е поставен за еден од новите амбасадори за туризам во септември минатата година.

Scroll to Top