Јапонија се смета за eдна од најчистите земји во светот. Овде туристите ретко можат да видат канти за ѓубре, а нема ниту улични чистачи, затоа што во земјата владее ред и дисциплина, што се однесува до чистоата. Јапонија важи за земја во која возовите се чистат за седум минути. Ист е случајот и со школите и домовите.
Луѓето во оаа земја од мали се учат да го соберат ѓубрето кое го оставаат зад себе. Секое дете во школо по завршувањето на часовите го чисти своето ѓубре. Исто така во групи се чистат училниците, ходниците, скалите и тоалетите.
„Во основните и средните школи, времето за чистење е секојдневна пракса. Родителите ги учат децата уште од мали да ги исчистат своите соби. Школскте програми се само поттик со кој младите треба да развијат свест за чиста околина“, вели Маико Аван, еден од владините претставници во Токио.
„Имало моменти кога не сум сакал да чистам во школо. Но, ја прифатив работата затоа што тоа е дел од нашата рутина. Мислам дека чистењето во школите е добра пракса, затоа што тоа не учи да превземеме одговорност во жвотот. Учениците се научени да ги оставаат чевлите во плакарите, а кога ќе се вратат дома на влезот пред куќата. Дури и јапонските навивачи се свесни дека не треба да го оставаат ѓубрето зад себе на стадионите“, вели Маико.
На Светското првенство во Бразил во 2014 година и на Мундијалот во Русија во 2018 година, светот виде како јапонските навивачи го исчистија ѓубрето од стадионите на кои играше јапонската репрезентација. Службите за чистење ги известиле одговорните и за собекувалните. Јапонските фудбалери, ги оставиле во беспрекорна состојба.
„Каков пример за сите спортски екипи“, напиша тогаш на својот „Твитер“ генералната координаторка на ФИФА, Присцила Џансенс. Маико и одговорил дека Јапонците не сакаат другите народи да помислат дека за нив дека се лоши и неодговорни луѓе и дека не се доволно образовани и воспитувани кога станува збор за чистотата.
Слично е ситуацијата и по одржаните музички или културни фестивали низ Јапонија. За време на одржувањето на фестивалот „Фуџи Рок“, најголемиот и најстар музички настан во оваа земја, луѓето го држат ѓубрето во раце, се додека не најдат канта за отпадоци. Пушачите со себе носат пепелници и имаат разбирање за непушачите.
Секое утро во осум часот, работниците од своите канцеларии и фабриките, излегуваат надвор да ги исчистат улиците. Децата исто така покажуваат желба да волонтираат и да ја чистат околината. Тие го собираат ѓубрето и од улиците во близина на своите школи. И соседите одржуваат редовни чистења низ улиците во местата каде живеат.
Интересно е што дури и парите во оваа земја, јените, кои луѓето ги излегуваат од банкоматите, се толку чисти што изгледаат како штотуку да се испечатени. Книжните пари лесно се валкаат и затоа Јапонците никогаш не ги даваат од рака на рака. Во работилниците, хотелите и во такси возилата, постојат послужавници за таа работа.
Невидливата прашина и бактериите е нешто што многу ги загрижува Јапонците. Кога луѓето ќе настинат, или фатат грип, со себе носат хируршки маски грижејќи се да не ги заразат другите. Ова е едноставен чин на внимание, со кои се намалува и спречува ширењето на вирусите. Вака се штедат многу пари на непотребни медицински трошоци.
Морнарот Вил Адамс е првиот човек кој што открил како Јапонците станале свесни за чистотата и хигиената. Жил Милтон во неговата биографија, за Адамс пишува дека тој во земјата пристигнал во 1600 година. Адамс уште во тоа време забележал на колку високо ниво е свеста за чистотата кај луѓето во локалните племиња.
Јапонците низ историјата биле згрозени од недостигот на хигиена кај оние Европјаните со кои тие стапувале во контакт. Адамс забележал дека Јапонија владее жежко и влажно време и дека поради тоа тамошната храна се расипува, а бактериите брзо се размножуваат. Луѓето брзо разбираат дека добрата хигиена, значи и добро здравје.
Милтон оди и подлабоко во неговото истражување и забележува дека чистотата е централен дел од будистичкото учење. Секојдневните задачи како чистењето и готвењето се сметаат за духовни вежби и не се разликуваат премногу од медитацијата.
„Физичкото и духовно чистење, игра многу важна улога во секојдневната пракса“, вели Ерико Кувагаки од храмот Шиншоји во Фукујама. Во неговата книга тој објаснува дека за време на церемонијата на пиење чај, собата мора да биде апсолутно чиста. Не смее да има ниту една честичка прашина, во спротивно, домаќниот не е мајстор за чај.
Се чини дека доследноста, почитувањето на традицијата и организираниот живот е причина зошто другите будистички нации, не се така ревносно чисти како Јапонија. Јапонците на останатите народи им порачуваат неколку совети со кои би го намалиле количеството на ѓубре.
Тие советуваат луѓето да престанат јавно да го чистат носот, често да употребуваат средства за чистење на рацете и по дома и на работа во канцелариите и кога ќе се најдат во некој трговски центар. Потоа треба да научат да го сортираат домашниот отпад во 10 различни видови, за полесно потоа го рециклираат.