Во голем пожар во Рим изгоре Железниот мост од 1863 година, што ги поврзува населбите Остиенсе и Трастевере. Пожарот избувнал пред полноќ, а бил изгасен за околу еден час.
Според првите информации, во пожарот нема жртви, а очевидци велат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот.
Инаку, зоната на железниот мост е полна со ресторани и барови. Кога избувнал пожарот, гостите што биле во локалните ресторани панично бегале.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџа, изјави дека најважно е тоа што нема жртви, но дека е тажно да се види дека е уништен дел од историјата на градот.