Учесниците на четвртиот „Женски марш“ на улиците низ Вашинтон и другите градови ширум САД ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи еднаквост на половите и поголеми права на жените во оваа земја.
Граѓанскиот собир се одвива во рамки на традиционалната манифестација, која за првпат беше одржана во 2017 година, ден откако Трамп ја превзема претседателската должност. Вакви исти протести, на кои се собираат илјадници учесници се одржуваат ширум САД.
Учесниците се залагаат за еднаквост меѓу половите и поголеми права за жените, укажувајќи на недостатоците на официјалната политика која ја води актуелниот претседател на државата, пренесува „Гласот на Америка“.
Исто така тие ја искажаа поддршката за реформите во имиграционата сфера, здравството и укажаа на значењето за заштита на животната средина. Бараат и поглеми права за ЛГБТ заедницата, еднаквост меѓу расите и слобода на вероисповед.
„Ова е последен марш пред претседателските избори во 2020 година. 2020 година имаме шанса да го завршиме она што сме го започнале пред три години и да го смениме Трамп од должноста претседател“, изјавила организаторката на минфестацијата Иса Нојола на собирот во Вашингтон.
Заштитниот знак на манифестацијата се виолетови капи од Демократските кандидати за претседателската номинација за 2020 година. Тие го најавија своето присуство на номинациите во повеќе градови во САД.