(Видео) Ѕвонеше победничкото ѕвончето на Детска клиника: Адријан ја победи болеста

Адријан Стојковски ја напупшти Детската клиника во Скопје со аплауз и со ѕвонење на ѕвончето. Адријан се лекувал на онколошкото одделение на Детската Клиника. Мајката Марта Стојковска им се заблагодари на сите вработени за грижата за нејзиниот син кој ја победи болста.

„Ќе го славам овој ден со благодарам. Фала му на Бог што со својата милост и сила ни помогна да го поминеме овој тежок период и да излеземе како победници со мојот син херој. Им благодарам на целиот болничкиот персонал кој беше посветен на нас, и направи се што можеше мојот син и за сите деца“, рече Марта Стојковска.

Scroll to Top