Викенд хороскоп за 14 и 15 април

Овен

Овој викенд направете нешто добро. Разбудете ја хуманоста во вас и помогнете некому. Саботното попладне препорачливо е да го искористите за мал шопинг, а неделата посветете ја на членовите од вашето семејство. Доколку не живеете веќе со нив, подгответе нешто вкусно и поканете ги на неделен семеен ручек.

Бик

Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот викенд, а главниот виновник за тоа ќе биде вашиот партнер.

Близнаци 

Во текот на овие два дена, најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена личност. На крајот на викендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно. Не двоумете се кога станува збор за вашиот партнер. Кажете му што ви пречи кај него и разговарајте за односот во вашата врска.

Рак

Викендов подгответе се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети. Слободното време одвојте го за вас и само за вас.

Лав

И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението овие два дена ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во сабота вечер. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.

Девица

Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле. Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.

Вага

Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој викенд да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле сега за сега сѐ е во ред.

Скорпија

Ве очекуваат два возбудливи дена, исполнети со многу позитивна енергија, а тоа ќе се должи на личноста што ќе ја сретнете по долго време. Внимавајте на вашиот однос и размислете дали ги повредувате чувствата на вашиот партнер со вашите постапки.

Стрелец

Иако не ви се верува и помина долго време од вашиот последен состанок, овој викенд ќе имате можност да излезете со личноста која не ви излегува од мислите последниве неколку месеци. Со среќа!

Јарец

Уште од почетокот на викендот ќе почувствувате позитивна промена во вашиот љубовен живот. Ќе почне да ви се допаѓа некоја личност за која претходно сте мислеле дека не е ваш тип. Уживајте во деновите со добро расположение и релаксирајте се со музика.

Водолија

Доколку чувствувате монотонија во вашиот брак или долга врска, тогаш разговарајте со партнерот и кажете му ги вашите незадоволства, но направете го тоа во ден кој ќе биде поволен за тоа. Внимавајте на здравјето.

Риби

Препорачливо ви е да ги искористите овие два слободни дена и да одите на кратко патување. Топлото време и возбудливата авантура дополнително ќе ве развеселат, а доколку сте во врска, поведете го со вас вашиот партнер.

Scroll to Top