Викенд хороскоп за 26 и 27 мај

Овен 

Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем секој ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте го партнерот и неговите потреби.

Бик

Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто интересно.

Близнаци

Овој викенд ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптеретувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди.

Рак

Во деновите кои ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Ако не сте во врска, овој викенд може да запознаете некој интересен.

Лав

Ова е викенд во која желбата за патување и запознавање на различни култури ќе ја сфатите сериозно и ќе отпатувате некаде. Не мешајте го партнерот во вашите проблеми, едноставно кажете му колку ви значи.

Девица

Посветете повеќе внимание на блиските пријатели, бидејќи тие се секогаш тука за вас. Шармот кој го поседувате сѐ повеќе луѓе ќе го приметуваат и тоа ќе биде пресудно за пронаоѓање нова љубов или за разгорување на старата страст.

Вага

Престанете да се оптоварувате со тоа што мислат другите за вашите постапки. Правете го она што мислите дека е исправно и слушајте го вашето срце. Ќе потрошите многу пари средувајќи го вашиот дом, но така барем ќе се чувствувате удобно дома.

Скорпија

Викендов ќе добиете неколку покани за ззабави, но, повеќе ќе сакате да останете дома и да се посветите на семејството и на вашиот партнер. А за оние кои се сингл, не одбивајте ги поканите, можеби ве очекува некое изненадување.

Стрелец

Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни, бидејќи ве очекуваат престврти за кои не ни помислувате.

Јарец

Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посветеност на него.

Водолија

Овој викенд искористете го за одмор и направете баланс помеѓу пријателите и партнерот. Една вечер излезете, а една вечер поминете со партнерот во опуштена атмосфера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.

Риби

Иако сте познати по своето шесто сетило, сепак може овој викен да бидете во ситуации кајшто ќе се двоумите за многу работи. Затоа, повикајте ги пријателите и раскажете им што ви се случува. Еден добар разговор може да реши сѐ.

Scroll to Top