Викенд хороскоп за 28 и 29 август: Куп деловни обврски за рибите, желба за романтика кај стрелците

Овен
Викендот не е поволен за потпишување на договори. Можете да имате некои мали недоразбирања во полето на работа. Ќе ви одговара флертот со една личност, но сè уште не сте подготвени за нешто поконкретно.

Бик
Немате некои поголеми промени на деловниот план во текот на викендот. Сè ќе се одвива како и досега, мирно и без стрес. Можно е да ви пречи љубомората на партнерот.

Близнаци
Одлично настапувате и немате дилеми кога станува збор за деловното поле. Пред вас е викенд во кој ќе бидете многу активни. Во љубовта нема назнаки за големи промени на полето за емоции.

Рак
Можно е да ви се пружи прилика за соработка со странство, која би била многу поволна за вашата работа. Ќе бидете многу шармантни и привлечни за личностите од спротивниот пол.

Лав
Пријатно сте изненадени со позитивните промени кои сте ги воочиле на своето работно место. Пред вас е добар викенд. Ви одговара вниманието кое го добивате и ви се ближи почеток на врска со нова личност.

Девица
Можно е викендов да им се посветите на ситните обврски кои требаше да ги завршите пред извесно време. Покажете му на партнерот како се чувствате и кажете му дека ви е важно да го зачувате вашиот брак.

Вага
Сами донесувате важни одлуки поврзани за работата и се трудите никого да не оптоварувате со своите дилеми и проблеми. Викендов ќе сакате да ги покажете сите чувства кон партнерот.

Скорпија
Сметате дека постојат некои работи кои морате да ги разјасните со своите надредени и нема да се откажете се’ додека не ја постигнете својата цел. Во љубовта најверојатно нема да можете доволно да се опуштите.

Стрелец
Можно е во текот на викендот да немате можност да дојдете до потребните информции за деловното поле. Ви престои многу интересен викенд и некое ново познанство кое во вас ќе пробуди желба за романтика.

Јарец
Време е да преземете контрола над својата работа и животот. Само вие можете да покренете некои промени. Импулсивно реагирате и немате такт кога станува збор за љубовното поле.

Водолија

Можно е на некого да му дадете совети или помош, имате многу позитивни искуства во помагањето на другите. Односот со партнерот не е најдобар и не сте сосема задоволни од тоа.

Риби
Можно е да ве очекува многу напорен викенд во кој ќе имате многу деловни обврски. Ќе бидете позитивно изненадени од предлогот од страна на една интересна и шармантна личност.

Scroll to Top