Силнен бран на новозаболени од ковид-19 во Бугарија и Романија. И двете земји од ЕУ се со најниска стапка на вакцинација. Конечно деновиве во јавноста ја открија праксата на издавање на лажни сертификати за примена вакцина.
Според Европскиот центар за заштита и контрола на болести, Бугарија има најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Само 20 отсто од населението е вакцинирано. По неа е Романија која пак е со 29 отсто вакцинирано население. Кон крајот на октомври во БУгарија почна да расте интересот за вакцинирања, откако Владата одлучи дека е задолжителна ковид пропусница за влез во затворени места.
Лекарите признаваат дека се соочуваат со голем предизвик во лекувањето на ковид пациенти, поради лажните сертификати. Тие лесно се добиваат, ама се тешки да се открија, велт надлежните и додаваат дека ова не е ништо ново за во ендемската корупција во двете најсиромашни земји-членки на ЕУ.
„Радио Слободна Европа“ ја пренесува приказната на лекарите од Ургентната болница Сибиу во централна Романија, кои кажуваат дека младо момче, кој лежел на Интензивна нега, на смртна постела им признал дека неговиот ковид сертификат бил лажен. Тој не бил првиот пациент кој им признал дека извадил фалсификат сертификат, но бил најмлад.
„Имаме пациенти кои откако ќе ги примиме в болница, нѐ молат да ги вакцинираме. Ама тогаш им велиме дека штом се примени на Интензивна нега, не може да се преземат превентивни мерки“, објаснува Јоне Кодру за „Агерпрес“.
Кристијан Оанцеа, кој е менаџер во Клиниката за инфективни болници во Темишвар, Романија, беше еден од првите доктори кој јавно прзборе за измамите уште летото во август.
„Кога ќе видиме млад пациент со тешка форма на болеста, веднаш се сомневаме дали воопшто е вакциниран“, вели тој.
Но, со растот на бројките, сѐ повеќе граѓани жалат што извадиле фалсификати сертификати. Извсни Марија и Иван изјавиле дека пролетва платиле 600 лева за лажните потврди, кои им требале за да патуваат во Грција и Франција.
И двајцата уште лани зимата имале ковид-19, пред да почне вакцинацијата, и нивниот матичен лекар им рекол да почекаат со вакцините, оти имале многу антитела.
Во мај, за 24 часа во Софија извадиле лажни сертификати за примени „Фајзер“ вакцини. Првичната цена била по 400 лева за еден документ, но бидејќи се семејство, добиле попуст и за двете платиле 600 лева.
На бугарските социјални мрежи, најниска цена за рекламирање вакви лажни документи е 200 лева, околу 100 евра. И во Романија лажен сертификат чини околу 100 евра.
Бугарската двојка велат дека сега чекаат вистинска доза, кога ќе биде дозволена трета доза во нивната земја.
„На хартија ќе имаме три дози, но всушност само една. Една е подобра од ништо. Лажевме и тоа беше глупаво. Го сторивме тоа од страв и ама и малку ароганција“, вели Марија.
Извор: Радио Слободна Европа, Букурешт,