Во град во Норвешка е забрането да умреш

Во градот Лонгјербрејн во Норвешка, кој се наоѓа на островот Свалдбард, од 1950 година постои закон со кој на луѓето им се забранува да умрат таму. Во овој град веќе 72 години никој не починал. И тие што се родени и цел живот живееле во Лонгјербрејен мора да го напуштат островот пред смртта. Ако некому му се дијагностицира тешка и смртоносна болест, градските власти му организираат превоз од островот за своите последни денови да ги мине на друга локација.

Во случај на изненадна смрт, што ретко се случува пореди големото следење на здравјето на луѓето, телото набрзина се превезува на друга локација за да биде погребано. Меѓу жителите на градот нема староседелци, а иако во градот живеат семејства кои се тука веќе неколку децении, поголемиот дел од луѓето не се задржуваат таму. Најраните жители биле рудари на јаглен по чие пронаоѓање бил основан и градот.

Целта на овој закон е да се заштити остатокот од населението, тврдат властите. Кон средината на минатиот век било откриено дека закопаните тела на локалните гробишта не се распаѓаат, туку долготрајно замрзнуваат во земјата, благодарение на постојано замрзнатата почва. Како резултат на тоа, смртоносни вируси заробени во телата на починатите можат да преживеат и да ги заразат другите жителите во време кога се топи мразот.

Вакво нешто веќе се случило во август 2016 година, дошло до избивање на антракс во северниот дел на Сибир, поради што еден човек починал, а 90 биле хоспитализирани во тешка состојба. Луѓето не биле единствени жртви, туку научниците потврдиле дека и околу 2.300 елени починале од антракс. До епидемијата дошто при голем топлотен бран во 2016 година. Претходното последното затоплување од слични размери се случило во 1941 година.

 

Scroll to Top