Јапонците наскоро ќе го пуштат во употреба брзиот воз „Хелоу Кити“, кој е целосно изработен по урнекот на популарниот цртан лик. Според јапонските медиуми, возот од идниот викенд ќе почне да сообраќа помеѓу Осака и Фукуока.
Возот е дело на јапонската компанија West Japan Railway, која се надева дека со оваа иновација ќе го развие локалниот туризам. Возот е во розова и бела боја и насекаде е нацртан ликот на „Хелоу Кити“, а и внатрешноста на возот е шарена – виолетови седишта, розови теписи, прозорците и наслони со цртаниот лик. И тоалет хартијата е со ист мотив.
Во текот на првото возење патниците ќе ги забавува голема кукла во уникатна униформа. Еден вагон од возот ќе биде ресторан, резервиран за испробување разни јапонски јадења, а еден дел ќе биде и како сувенирница, каде што патниците ќе може да купуваат предмети и сувенири со овој лик.
Ликот на „Хелоу Кити“ е креиран 1974 година од страна на Јоко Шимизу.