Руски научници ја открија најстарата ДНК во светот. Ја издвоија од забите на мамути што живееле на Сибир пред 1,2 милион години.
Научниците проучувале остатоци од три мамути што биле закопани илјадници години на постојана температура под нула Целзиусови степени и имаат добро сочуван генетски материјал.
Досега најстарата ДНК беше онаа пронајдена кај коњ што живеел во подрачјето на Канада пред речиси 700.000 години.
Научниците веруваат дека ДНК-анализата на новите наоди ќе ги расветли генетските одлики и врските меѓу предисториските жители на планетата.