Возовите во Германија доцнеа зарди лебедот кој тагувше по својот партнер

Лебедот кој тагуваше по својот партнер на шините на германската железница задржал 23 возови повеќе од еден час се додека пожарникарите не го отстраниле со специјална опрема. Двете птици залутале на пругите на брзиот воз меѓу Касел и Гетинген во централна Германија, каде што едниот лебед се заглавил во кабли за напојување и умрел.

Вториот лебед потоа се сместил покрај трупот на својот партнер и не сакал да се помести, па полицијата привремено го сопрела сообраќајот, пренесува „Франс прес“.  Подоцна биле повикани пожарникари со специјална опрема кои успеале да ги извадат мртвиот лебед и неговиот придружник. Преживеаниот лебед не бил повреден и  бил пуштен во реката Фулда.

Според британското кралско друштво за заштита на птици, лебедите цел живот имаат еден партнер.

Scroll to Top