Време е за промена: работи на кои треба да им кажете „не“

Работи за кои би било одлично оваа година да се научите да им кажете „не“.

1. Продолжение на врска со фраерот кој ве изневерува или емоционално и/или физички ве злоупотребува и поради кои се чувствувате како да не сте за ништо доволно добри. Волкот влакното го менува, но карактерот никогаш, а вие заслужувате подобро од тоа!

2. Секс без заштита. Можеби физички чувството е добро, но тој навистина не е вреден за ризикот да соберете некоја сочна полово пренослива болест или несакана бременост.

3. Диети кои се сведуваат на изгладнување. Опуштете се и изедете ја омилената торта или сладолед. А потоа фрлете се на креирање на менито за здрава исхрана и вежбање.

4. Допуштањето на било кои ве гази, верувајќи дека еден ден тоа ќе се исплати. И да се исплати сето тоа, ништо и никој не е вреден за вашето достоинство и гордост, па дури ни вашиот шеф, вашиот „сакан“ или вашата наводна пријателка.

5. Излегување со фраер кој не е спремен за врска. Во овој случај оној кој чека не дочекува. Тргнете се од него, ако навистина сте му важни, ќе сфати што изгубил и брзо ќе ви се врати. А ако не се врати, тоа ќе потврди дека навистина не е вреден за вашето време.

6. Грди пијанства. Ви било забавно оние неколку часа, но веќе следното утро кога со мачнина сте се разбудиле, се заколнавте дека никогаш повеќе нема да пиете. Замислите дека само вас од некоја причина некој ве уценува со ваши слики во најлошо можно издание. Не е кул, нели?

7. Носење неудобни чевли и превисоки пети само за да би изгледале супер. Ќе се чувствувате супер првиот половина час, но потоа за скоро време ќе зажалите штом нозете почнат да бе болат и штом ќе имате чувство дека нозете ви крварат…

8. Чекање со часови во ред за да купите нешто први. И тогаш сфаќате дека тоа нешто е веќе распродадено. Па се одлучувате да трошите пари на нешто потполно десетто за да се развеселите. Накратко – фрлате време и пари во ветер.

Scroll to Top