„Вујко Вања“ ќе биде новиот руски „Мекдоналд“

Рускиот синџир на ресторани „Вујко Вања”, ќе биде замена за американскиот „Мекдоналдс“ во Русија. Ова го објави претседателот на државното собрание на земјата Вјачеслав Володин минатата недела, пишува британски „Индепендент“.

Двата ресторани имаат слично лого, познатиот жолто-црвен знак, а регистрацијата била поднесена до русктие власти уште пред една недела. Русите рекоа дека домашните угостителски фирми може да заменат 250 ресторани на „Мекдоналдс” во Москва за една година.

Градскиот совет веќе помогнал со 500 милиони рубљи околу 4,36 милиони евра субвенции. За потсетување, „Мекдоналдс“ по повеќе од 30 години работа во Русија, си замина од земјата по руската инвазија врз Украина.

 

 

Scroll to Top