Жељко Самарџиќ и Јоце Панов ќе одржат хуманитарен концерт за болно момче од Прилеп

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ, Јоце Панов Филип Николовски на 19 март ќе имаат хуманитарен концерт во Прилеп, а парите ќе ги донираат за Дејан Најдоски. Дејан има аутизам и досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција, но на семејството му требаат уште пари за да го заврши лекувањето.

Концертот ќе се одржи во Универзалната сала во Прилеп. Билетите се во продажба по цена од 300 денари.

 

Scroll to Top