Жена се породи на предното седиште на „тесла“ додека автомобилот возеше на автопилот

Мајката Јиран Шери (33) од Филаделфија се породила со своето второ дете во семејниот автомобил Тесла, откако нејзиниот сопруг Кетинг Шери (34) го вклучил на автопилот. Настанот се случил во септември, додека го носеле својот тригодишен син Рафа во градинка, објавија странските медиуми.

Силните болки и првите знаци на породување се појавиле додека семејството било во сообраќаен метеж. Но откако контракциите се зголемувале и сообраќајот едвај се движел, парот сфатил дека нема да пристигнат навреме во болницата. Тогаш Кетинг го вклучил автопилотот, откако ја впишал адресата на болницата, која се наоѓала на околу 20 минути одалеченост од местото каде што заглавиле во сообраќајот.

Парот вели дека сè се случи прилично брзо, а додека  да стигнат во болница, нивната ќерка веќе била родена. Тие размислуваат да ја крестат Тес во знак на благодарност до производителот на автомобили.

 

Scroll to Top