Ѕидарот од Битола Бејхан Рамов, со песна од Шабан Шаулиќ го воодушеви жирито во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Во претставувањето 45-годишниот Бејхан раскажа дека пеел на турски до 15 години, но оттогаш пее само српски песни, од Шериф Коњевиќ и Шабан Шаулиќ.
„Ова ми е првпат во животот, првпат пеам на микрофон и во едно вакво огромно студио. Тоа ми беше најголема желба во животот што ја имав од мал“, рече тој.
По неговиот настап Гоца Тржан му рече дека има душа колку целото студио, а Саша Милошевиќ – Маре му порача дека отсега сака Бејхан да пее со неговиот бенд.
„Не ми е јасно зошто не се занимаваш со музика. Не е возможно во Македонија да има толку пејачи, а да нема место за еден пејач како што си ти. Слези оттаму, од утре сакам да си член во мојот бенд“, рече Маре.