„Златен глобус“ годинава без црвен килим, публика и ѕвезди на доделувањето на наградите

На 9 јануари ќе се одржи 79. издание на „Златен глобус“, но овој пат, поради пандемијата, нема да има публика и црвен килим. На доделувањето на наградите нема да бидат ни номинираните, туку само победниците во секоја категорија, пишува магазинот „Пипл“.

Во моментот на прогласување на победникот во секоја категорија во посебна соба ќе биде само тој што ја добил наградата. Сите тие треба да бидат вакцинирани со трета доза, но и да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа пред настанот. Ќе треба да носат и заштитни маски.

Номинациите за годинешниот „Златен глобус“ ги соопшти Снуп Дог пред еден месец. Најмногу од нив добија филмовите „Моќта на кучето“ и „Белфаст“, по седум номинации.

Scroll to Top