Денешниот календар, во кој февруари има 28 дена и каде што секоја четврта година е престапна, го направил Јулиј Цезар во 45 година пред нашата ера. Старите Римјани претходно тешко се справувале со календарите што се обидувале да ги направат и имале проблеми месеците да ги координираат со годишните времиња.
Иницијатор да се бележи времето бил првиот римскиот крал Ромул, кој направил календар со десет месеци. Годината почнувала во март, а завршувала во декември. Јануари и февруари не постоеле. Зимата за старите Римјани во тоа време не била важна бидејќи нивното богатство се темелело на садењето и жетвата.
Со доаѓањето на вториот римски крал Нума Помпилеј, околу 750 година пр. н.е, тие одлучиле да додадат уште два месеца за да ги синхронизираат со дванаесетте лунарни циклуси. Така настанале јануари и февруари, а секој од овие месеци имал по 28 дена. Тогаш кралот одлучил да додаде уште еден ден во јануари за годината да има 355 дена. Меѓутоа, и овој календар имал свои недостатоци.
Тоа функционирало добро неколку години, но набргу сезоните не биле во склоп со своите типични годишни времиња. За да го поправат тоа, Римјаните додале уште еден месец, мерцедониус, кој го вметнувале во календарот на неколку години по 28 февруари. Но, и таквиот календар било тешко да се следи.
Јулиј Цезар во 45 година пр. н.е ангажирал учен човек да направи календар по пример на египетскиот. Во календарот додале десет дена и по еден дополнителен ден на секои четири години во февруари. Таквиот календар, со 365 дена во годината, се задржал до денес и затоа февруари има 28 дена, односно 29 на секоја престапна година.