Домашен пинџур во тегли: зимница по старински рецепт

Потребни состојки:

3 кг зелени меснати пиперки,
150 гр лути пиперки,
5-6 чешниња лук,
1.5 кг модри патлиџани,
1.5 кг домати,
1 лажица шеќер,
1 лажица сол
2 дл масло

Начин на подготовка:

Пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги сомелете ги на машина за месо. Лутите пиперки испечете ги малку. Во тенџере ставете масло да се загрее, додајте ја мелената смеса и пржете додека цела течност не испари. Додајте шеќер, сол, и ситно сечканиот лук. Пржете уште 10-15 минути. Додајте ги печените лути пиперки и мешајте за да се спои пинџурот. Ставете го во тегли кои сте ги загреале. Откако ќе ги затворете со капаците, свртете ги теглите наопаку. Оставете ги да се изладат постепено преку ноќ.

Scroll to Top