Есенски колач со круши и мед

Потребни состојќи:

3 јајца
3 лажици брашно
3 лажици мелени ореви
1/2 прашок за пециво
50 мл. млеко
50 мл. масло
100 гр. шеќер
500 гр. круши
2 лажици мед
малку суво грозје

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете брашно, прашок за пециво, млеко, маслото, ореви и мешајте додека да се соедини смесата. Загрејте го медот. Обложете ја тавата со хартија за печење, а потоа посипете го медот. Излупете ги крушите и исечете ги на парчиња. Наредете ги врз медот, а потоа прелијте ги со смесата со јајца. Печете го колачот на 200 степени. Послушете го откако ќе се излади.

Scroll to Top