Француски специјалитет со компири

Потребни состојки:

1 килограм компири
165 милилитри млеко
100 грама путер
сол и бибер по желба

За филот:
500 грама сечкани тиквички
165 милилитри супа од зеленчук
3 лажици екстра девствено маслиново масло
2 моркови
1 праз
200 грама рендано сирење
сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

Излупете го компирот и исечете го на ситни коцки. Ставете ги коцките во вода и кога водата ќе зоврие варете ги околу 15 до 20 минути додека не омекнат. Исцедете ја водата и згмечете ги компирите во форма на пире. Постепено додавајте го загреаното млеко и парчињата путер. Измешајте ги состојките и додадете сол и бибер по желба. Во тенџере со средна големина загрејте го маслиновото масло и измешајте ги морковите и празот (претходно исечкани на коцки). Нека се динстаат заедно сè додека не омекнат. Додадете ги ситно исечканите тиквички и оставете ги на ниска температура околу 5 минути. Посипете ја супата од зеленчук и варете сè додека не испари поголемиот дел од течноста. Додадете сол и бибер по желба. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ја смесата од морков, праз и тиквички во огноотпорен сад. Рамномерно распоредете го пирето од компири врз зеленчукот, а на крајот посипете рендано сирење. Печете додека да се растопи сирењето, а компирот да добие златно-кафеава боја, околу 20 минути. Послужете го топло со салата по желба.

Scroll to Top