Греено вино за зимско уживање

By

Греаното вино е еден од пијалаците што се поврзуваат со студените зимски денови. И самото име кажува, овој пијалак има задача да ве згрее. Неговата подготовка е лесна. Што ви е потребно?

Едно шише црвено вино

250мл вода

2 стапчиња цимет

3-4 каранфилчиња

100мл цеден сок од портокал

100мл цеден сок од лимон

50гр шеќер

 

Ставете го виното во длабок сад и грејте го на тивок оган. Додајте ги водата и соковите од портокал и лимон, па зачините и шеќерот. Течноста не треба да врие за да не изветрее алкохолот туку само да се грее околу 10 минути. Преку цедалка извадете ги зачините, а виното послужете го топло, во голема стаклена чаша, со парчиња портокал.

Ќе ви се допадне