Состојки:
- корнишони (количината е по желба)
- сол
- шеќер
- есенција
- црн пипер во зрно
- гранчиња сушен копар
Подготовка:
Корнишоните добро се мијат и се редат во тегли. Во секоја тегла се става 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, 1 мала лажичка есенција, 5-6 зрна црн пипер и неколку гранчиња копар. Во теглите се дополнува вода и се затвораат.Вака подготвените тегли ги обвиваме со хартија и ги редиме во тенџере на оган. Во него налеваме вода за да ги покрие теглите и оставаме да зоврие водата. Кога ќе зоврие, вариме уште 5 минути на тивок оган. Тенџерето го тргаме од оганот и оставаме да се излади неколку часа, а најдобро е преку ноќ. Наредниот ден теглите со кисели краставички ги вадиме, ја отстрануваме хартијата и ги редиме на темно и студено место.