Потребни состојки:
200гр бело брашно
100гр несолена урда
1/2 лажичка оцет
2 лажици маслиново масло
75мл млеко
1 лажичка сол
1/2 кесичка пециво
За премачкување:
3-4 лажици млеко
сусам
Начин на подготовка:
Во еден длабок сад ставете ги сите состојки за тестото и замесете. Не треба долго да се меси. Од тестото одвојувајте парченца со тежина од околу 15 грама и оформете ги во долги тенки прачки со дебелина колку еден прст. Редете ги во претходно подмачкан плех. Премачкајте ги со млеко и посипете ги со сусам. Печате околу 20 минути на 180 степени (или во зависност од рерната). Од оваа доза излегуваат околу 25-30 стапчиња.