Мафини со „нутела“

Потребни состојки:

4 јајца
15 лажици шеќер
100 гр путер на собна температура
2,5 шолји брашно (шолји од 2дл)
1 шолја јогурт
2 лажици какао
1/2 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
50 гр искршено млечно чоколадо
„нутела“

Начин на подготовка:

Белките со половина шеќер разматете ги во цврст снег. Жолчките пенасто разматете ги со другата половина од шеќерот и додајте ги останатите состојки. На крај со лажица додајте го снегот од белки. Во калапите за печење ставете хартија за мафини, наполнете ги до половина, ставете една лажица „нутела“, па додајте од смесата. Печете 20 минути на 200 степени. Мафините украсете ги по желба со чоколадо или шлаг.

Scroll to Top