Мухамара – арапски намаз од црвени пиперки

Овој намаз е мешавина од ореви, црвени пиперки, сируп од зготвен сок од шипка и леб. Потсетува на ајвар, а се подготвува многу побрзо.

Потребни состојки:

1 голема печена црвена пиперка
1/2 шолја млад кромид
1 лажичка свежо цеден сок од лимон
1 лажичка мелен кумин
1 лажичка сол
3 лажички сируп од шипка
1 лажичка мелени црвени пиперчиња
5 лажици масло
3/4 шолја ореви
4-6 лажици презла

Начин на подготовка:

Измешајте пиперка, кромид, сок од лимон, кумин, сол, 2 лажички сируп од шипка, половина лажичка мелени црвени пиперчиња, 4 лажици маслиново масло и 2 лажици ореви во блендер. Блендирајте додека смесата не стане кремаста. Потоа додајте 4 лажици презла и повторно миксајте до саканата густина. Ако смесата не е доволно густа, додајте уште лебни трошки. Додајте уште зачини ако е потребно.

Смесата префрлете ја на чинија, додајте неколку капки маслиново масло, останатата лажичка сируп од шипки и половина лажичка мелени пиперчиња. Потоа, издробете го остатокот од оревите и посипете преку намазот.

Scroll to Top