300г бело чоколадо
30 колачиња Орео
100г крем-сирење
4 колачиња Орео за декорација
Подготовка:
Иситнете ги колачињата Oreo во блендер додека не добиете кафеав праv.
Орео
Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем-сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците.
Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач.
За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.
Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те колачиња Орео и просипете ги врз чоколадото.
Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.