Лутеницата (или како што таму ја викаат лутенка) е уште една популарна зимница што се подготвува на почетокот на есента и се консумира во текот на зимата.
Зборот лутеница е изведен од зборот лут, луто. Лутеницата е слична на ајварот, освен што содржи домати, и има пикантен и позачинет вкус. Се разбира, можете да ја направите и нелута ако не сте љубител на луто, но тогаш тоа нема да биде лутеница, нели? Алтернативните состојки вклучуваат и модри патлиџани, моркови, кромид. Ова е рецепт што го подготвуваме со децении. Можете да подготвите и половина од оваа доза.
СОСТОЈКИ:
- 10 кг црвени пиперки за ајвар
- 5 кг домати
- 1/2 кг лути пиперчиња
- 1 литар масло за готвење
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша вински оцет
- 2 китки магдонос
- 1 главица лук
* 1 чаша е 250 мл чаша
ПОДГОТОВКА:
Првин измијте ги, исчистете и испечете ги црвените пиперки. Ставете ги во најлонска кеса за полесно да се лупат. По лупењето, оставете ги да се исцедат.
Измијте ги и исчистете ги доматите од зелените делови и ставете ги во машина за мелење месо.
Ставете го доматното пире заедно со оцетот и шеќерот во поголемо тенџере да се варат. Оставете да вријат заедно 30-ина минути.
Потоа додадете го маслото за готвење и оставете ги заедно да се варат околу 1 час.
Додадете ги исчистените и сечкани лути пиперки и оставете ги да се варат уште 30 минути.
Во меѓувреме исечете ги црвените пиперки во посакуваната големина и додајте ги во тенџерето. Додајте ги исчистениот и исечкан лук и измиениот и исечкан магдонос. Сè заедно треба да се вари уште 30 минути, така што целокупното време за подготовка на лутеницата е 2,5 часа.
На самиот крај додадете 1 лажиче конзерванс и измешајте.
Истурете ја жешката лутеница во топли тегли и добро затворете ги капаците. Теглите полнете ги до врвот.
Уживајте во неа со топол леб и парче сирење.