Палачинки со јаболка и цимет

Брз и лесен десерт кој можете да им го послужите на вашите најмили за појадок, ужина или вечера. Рецептот е идеален за сите вработени мајки кои немаат многу време да им подготвуваат храна на децата за која бара долго време и подготовки. 

Потребни ви се: 1 јајце – 150 мл млеко – 150 гр брашно – Јаболко – Цимет – масло или путер

Подготовка: Во еден сад изматете го јајцето, па додадете ги млекото и брашното. Соединете ја смесата, а потоа додајте го ренданото јаболко без кора кое претходно малку сте го исцедиле од водата. Се меша и се додава цимет по желба, па се пече на средна температура во подмачкана тава.

Scroll to Top