Потребни состојки:
1кг пиперки
2 парчиња модар патлиџан
2-3 чешниња лук
5-6 поголеми црвени домати
200мл масло за попрскување
Начин на подготовка:
Откако ќе ги испечете пиперките, модрите патлиџани и доматите, ставете ги во најлонска ќеса и оставете ги да постојат. Излупете ги, па истолчете ги. Истолчете го и лукот. Додајте сол по вкус. Убаво измешајте за состојките да се соединат. Маслото вжештете го да преврие и посипете врз пинџурот.
Пинџурот можете да го јадете топол или ладен, по желба.