Печени круши со бадеми

Потребни состојки:

2 круши
4 лажици брусница
¼ чаша сечкани бадеми
2 лажици мед
прстофат цимет за секоја половина од крушата
прстофат кардамон и морско оревче (по избор)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Преполовете ги крушите и издлабете го јадрото. Ставете ги во сад за печење обложен со хартија. Ако дното на крушата е поголемо, исечете малку од долната страна за крушата да биде рамна и да не истече филот при печењето. Во секоја половина ставете брусница, бадеми, зачини, а на крајот прелијте ги крушите со мед. Печете околу 25 минути и послужете ги крушите додека се топли. По желба можете да додадете топка сладолед од ванила, бадем или чоколадо.

Scroll to Top